Фитнес

Кога е најдобро време за трчање – наутро, напладне или навечер?

најдобро време за трчање

Понекогаш се чувствувате опуштено и лесно додека трчате и вашето тело е динамично. Друг пат нозете ги чувствувате тешки и секој чекор ви е напор. Дали ова зависи од тоа во кој дел од денот трчате? И има ли совршено време од денот кога е најдобро за трчање, кога се чувствувате полесно и вашето тело има најмногу корист од вежбањето?

ТРЧАЊЕ НАУТРО

ПРЕДНОСТ: Трчање во утринските часови е најдобар начин да го започнете денот. Доколку трчате наутро на вашето  тело ќе му дадете дополнителна доза на кислород. Вашиот метаболизам пак ќе согорува повеќе калории. Поголемите количини на кислород од утринскиот воздух го олеснува дишењето. Исто така е полесно да се вежба кога температурата е пониска во споредба со дневната.

НЕДОСТАТОК: Наутро после станување сте нераздвижени, и мускулите ви се напнати и нефлексибилни. Ова значи дека ќе треба да посветите повеќе време за загревање. Затоа доколку планирате да трчате наутро направете си добар план за загревање за да не се борите со отпорот на вашите мускули.  

ВАЖНО: Избегнувајте тешки вежби во утринските часови. Вашето тело не е подготвено да се соочи со интензивен стрес. Затоа ризикот од повреди е поголем во овој дел од денот. Дополнително вашето тело губи многу вода во текот на ноќта. Важно е да ја надоместите оваа загуба пред да почнете со вежбање.

ТРЧАЊЕ НАПЛАДНЕ

ПРЕДНОСТИ: Напладне е најдобар период за трчање со поголем интензитет. Вашиот потенцијал е најголем, телото не е премногу уморно од секојдневните активности. Имате повеќе енергија во споредба со наутро и физичкиот напор подобро може да се поднесе. Во овој дел од денот ви е најдобро за интензивни вежби.

НЕДОСТАТОЦИ: Вежбањето после ручек може да биде многу напорно. На телото му треба повеќе време да ја свари храната, во зависност од оброкот. За да ги избегнете дигестивните проблеми за време на интензивните интервали на вежбање следете ги следниве совети:

  • Почекајте најмалку 30 минути после лесна ужина пред да поченете да трчате
  • Доколку сте имале главен оброк, почекајте 1.5 до 2 часа пред да почнете со трчање
  • Доколку трчањето ви е тешко после оброк, направете го вашиот тренинг пред да ручате. Сепак може да ви биде потешко, бидејќи вашите енергетски резерви се празни.

ТРЧАЊЕ НАВЕЧЕР

ПРЕДНОСТИ: Доколку трчате навечер, тоа може да ве релаксира. Вашето тело е раздвижено и не ви треба многу време да се загревате. Плус навечер согорувате повеќе калории.

НЕДОСТАТОК: Трчањето навечер може да ви направи проблем во заспивање. После тренинг вашето тело е сеуште активно, и ќе ви треба подолго време да заспиете.

ТРЧАЊЕ СПОРЕД ВАШИОТ ИНДИВИДУАЛЕН РАСПОРЕД

Независно во кој дел од денот вежбате, постојат предности и нестостатоци. Расмислете кои се вашите цели, да изгубите тежина, да го намалите стресот, или да бидете побрзи. Доколку сакате да ја одржите кондицијата може да вежбате во било кој дел од денот. Само внимавајте да бидете добро загреани. Попладневното вежбање е најдобро за интензивен тренинг и да ги зголемите вашите перформанси. Доколку сакате да се релаксирате најдобро е да вежбате навечер.

Рана птица или ноќен був?

Во основа најдобро време да трчате е кога се чувствувате најдобро. Секојдневните обврски како работа, семејство времето за оброк се фактори кои играат важна улога во планирањето на вашите тренинзи.

Би можело да ве интересира и: Како да останете активни и ефективни додека сте на работа

 

А.Е.

 

error: