Фитнес

Кардио вежби – клучен елемент кон здраво тело

Физичката активност е важна за здравјето. Кардиото се однесува на целото тело.
Ако сакате одреден изглед на вашето тело, кардиото е неопходно. Без разлика дали правите вежби за сила и обликување на телото, кардиото е од суштинско значење за отстранување на мастите.  Со трчање, возење велосипед, брзо одење или користење степер во теретана, се потите и го активирате целото тело.

КАРДИО ПРОГРАМА

Брзо одење

Брзото одење е многу ефикасно, особено за долниот дел од телото. Помага при согорување на калории, што значи дека делува на целото тело. Можете да го применувате во природа или на лента во сала. Треба само да се зголеми закосувањето на лентата. Во последно време повеќе се препорачува брзо одење од трчање. Обидете се да дознаете што ви се допаѓа повеќе и што има подобар ефект на вашето тело. Запомнете дека потењето е потребно.

Велосипед

Велосипедот е популарно превозно средство, главно кај децата. Сепак, би било пожелно и возрасните почесто да го користат, бидејќи секако е одличен избор, особено во пролет и лето, наутро или навечер. А исто така е и одличен начин за согорување калории. Додека возите, се активираат мускулите на нозете, а потоа и мускулите по целото тело. Се потите и согорувате калории. Ако возите велосипед во теретана, важно е да не возите секогаш лесно, туку да ја зголемите брзината во согласност со вашите способности. Така ефектот ќе биде поголем. Додека не се испотите, ништо не сте направиле. Со потењето ги исфрлате токсините од вашето тело.

Трчање

Трчањето е достапно за сите и не е скапо. Ви требаат само удобни патики. Важно е дека не сте врзани за едно место и лесно можете да се движите каде сакате. Можете да трчате каде и да одите, не е неопходно да одите на одредено место. Ви треба лесна и удобна спортска опрема и спремни сте. Познато е дека потешко е да се трча на отворено отколку во сала. Но, трчањето во природа е далеку поздраво. Трчањето е за секого. Не треба да сте слаби, млади или спортски градени. Трчањето е индивидуална активност што ја зајакнува довербата и дава позитивна енергија за дневните активности.

МАШИНИ ЗА КАРДИО ВО ТЕРЕТАНА

Во текот на овие активности, важно е правилно дишење и хидрирање на телото. Пред секој тренинг неопходно е загревање а на крајот истегнување. Тоа се вежби кои не треба да се прескокнуваат. Тие се шлагот на тортата.

Дишењето, хидратација, правилно истегнување и протегање на крајот се строги правила.

Ова се навики кои треба да ги стекнете со време. Вода треба да се пие, само тогаш може телото квалитетно да се испоти и да се отстранат штетните материи.

Правилно дишење е техника која се учи. Кога правилно дишете и вашето срце ќе работи правилно. Со правилно дишење внесувате доволно кислород, без оглед на тоа дали трчате, брзо одите или сте на кардио машини во теретана.

Ако вежбате во теретана, се препорачува комбинација со кардио машини.

Ако сакате рамен стомак, засилете го кардиото. Ако сакате да изгубите на тежина, зголемете го кардио тренингот.
Ако сте слаби, кардиото ја зајакнува вашата кондиција и го зајакнува вашиот апетит и не дозволува да се дебелеете на погрешно место. Го обликува вашето тело на начинот на кој сакате.

Диетите може да бидат ефективни, но познато е дека килограмите се враќаат.
Кога ќе го навикнете организмот на физичка активност, сте го одработиле најголемиот дел од работата.
Започнете со пешачење, потоа со брзо одење и трчајте на крајот. Секоја цел може да се постигне а кардиото е исто така начин за зајакнување на вашата психа.

 

 

Н.Н.

error: