Фитнес

Како вежбите со тегови можат дополнително да ви помогнат во губењето на килограми

Здравјето и моќта на секое тело секогаш се гледаат во силата на истото. Кога телото е правилно развиено и поседува добро распоредена и функционална мускулна маса тоа претставува поддршка во вашиот секојдневен живот. Добро развиено тело ве заштитува од болки во грбот и различни повреди, го подобрува вашето држење на телото за време на седење, стоење или одење и ја подобрува вашата координација и рамнотежа. Од друга страна, тонирано тело изгледа многу попривлечно и секогаш може да се постигне без ризик од зголемување на вашето тело.

Во продолжение Ви откриваме одредени информации кои преку вашиот тренинг со тежини ќе ве направат поздрава личност во секој поглед.

Теговите трошат многу калории

Тренинг со висок интензитет троши голем број на калории. Колку повеќе мускули регрутирате за време на тренингот толку повеќе калории трошите, па комбинирајте тренинг што опфаќа повеќе региони со цел да ги активирате сите зони во исто време.

Добро развиени мускули ви се секогаш “на дофат на рака”

Ако се погледне во вашиот секојдневен живот, во тек на еден ден сигурно нешто кревате, носите некои работи и правите сквотови (особено ако имате деца). Иако често за овие работи се одговорни мажите, не би било лошо да сте и вие во можност да кренете некоја тежина а тоа да не ви претставува проблем.

Се намалува ризикот од повреди

Тежината со која тренирате делува многу позитивно на вашиот мускулен апарат во секој аспект. Претставува позитивен стимуланс за појачување на коскената маса со што се намалуваат шансите за одредени фрактури, особено на постара возраст. Покрај тоа, силните мускули обезбедуваат основа за добра рамнотежа и координација, што е многу важна во секојдневниот живот и во речиси сите спортови.

Го подобруваат вашиот став

Со активирање на мускулите кои го поддржуваат грбот и стомачните мускули луѓето добиваат поквалитетно држење на телото. Трупот на телото и неговата развиеност се секогаш во корелација со тоа дали седите искривени или имате исправена линија на држење на телото.

 

 

Н.Н.

error: