Фитнес

Chair dance или танц на стол – нов начин на вежбање !

Chair dance или танц на стол како што кажува самото име е метод на вежбање и танцување на стол.

Наменет е за сите возрасти но можат да го практикуваат и луѓето со инвалидитет. Предност на танцот на стол е дека можете да вежбате било каде и доволно ви е само столче.

Гардеробата за тренинг е спортска облека и алишта во кои се чуствувате удобно.
Тренингот трае 1 час и треба да се одржува 2-3 пати неделно. Ова е тренинг за група и секој учесник треба да има свој стол.

Постојат три видови на вежби на тренинзите за танцот на стол:

  • аеробни вежби
  • вежби за снага
  • вежби за истегнување

Уште еден дел од тренингот го прави танцот во кој се вежбаат кореографии на и со столици.
Овој дел не е задолжителен и зависи од желбата на вежбачите и кореографијата и имагинацијата на инструкторот.

Столовите се користат на неколку начини. Освен вежби во седечка позиција постојат и вежби во стоечка и лежечка позиција каде што столот се користи како реквизит.

Во зависност од физичката состојба на учесниците, вежбите се поделени на три нивоа: почетничко, средно и напредно ниво.

Како се одвива Chair dance тренингот?

Тренингот започнува со аеробни вежби, продолжува со вежби за снага, а потоа следи танцувачкиот дел, и се завршува со вежби за истегнување.

Во танцувачкиот дел на тренингот, учесниците треба да се забавуваат но исто така да научат да ги поврзат елементите на и од столовите во една танцувачка целина. Во такви кратки кореографии може да се применат сите танцувачки стилови. Модерен танц, џез танц, Латино танц, ар-ен-би, хип-хоп и кабаре може одлично да се вклопат во кореографијата на Chair dance.

Вежбите за истегнување на крајот на тренингот се многу важни затоа што ги враќаат мускулите во нивната првобитна положба и ги спречуваат идните повреди. Се разбира и вежбите за истегнување, како и сите други се прават на или со помош на стол.

Оваа програма за вежбање е уникатна и забавна. Се вежба со музика, а самото вежбање го зајакнува тонусот на сите мускули и кардиоваскуларна издржливост, ја подобрува флексибилноста на телото и ја зајакнува довербата.

Бидејќи на тренингот подеднакво се користат сите мускулни групи напредекот на вежбачите е многу брзо видлив. Мускулите ќе се затегнат, вашето тело ќе стане пофлексибилно и поподвижно, а масното ткиво постепено ќе исчезне.

Вежбите во танцот со стол може да се прилагодат не само на физичката подготвеност, но исто така и на возраста на вежбачите и така тренингот може да биде повеќе или помалку интензивен.

Забрани за тренинг нема ни за една група на луѓе. Повеќето од вежбите кои се изведуваат се статични и ризикот од повреда се сведува на минимум. Покрај тоа, секој вежбач ќе треба да пополни прашалник во кој ќе ги наведе своите медицински состојби и/или повреди за кои инструкторот треба да знае и според тоа да ги прилагоди вежбите.

Секоја вежба има свои полесни или потешки варијации така што прилагодување на вежбата на вежбачите се смета за многу важно. Покрај тоа мускулите кај вежбачите се обликуваат како кај “танчерите”, издолжени и зајакнати, а масното ткиво постепено се губи.

 

 

Н.Н.

error: