Фитнес

Бодибилдингот како фитнес дисциплина

Бодибилдинг (Body-building) е плански, составен и траен процес на хипертрофија, дефиниција на мускулниот систем и телесна симетрија.

Лицата кои се занимаваат со овој спорт се нарекуваат бодибилдери. Почетоците на бодибилдингот датираат од 19 век, кога започна се повеќе интересот за мускулен изглед на телото по пример на античките Грци. На тренингот во салата, се изведуваат вежби со тегови и на специјално дизајнирани машини со цел да се стимулира растот на мускулната маса.

За раст и обнова на мускулите е многу важна исхраната со доволен број на калории, со многу мали оброци во текот на денот за да го стимулира метаболизмот, да се олесни апсорпција на храната и да се одржи постојано нивото на шеќер во крвта. Протеините се одговорни за растот и обновата на мускулите а јаглехидрати го надокнадуваат губењето на енергија во тек на тренингот. Вообичаено се користат додатоци во исхраната како што се протеински концентрат во прав, витамински препарати, омега-3 масни киселини, креатин и амино киселини, како глутаминот.

На натпреварите, судиите ја оценуваат мускулната маса, дефиницијата на мускулите, симетрија, пропорции и настапот на сцената. Сличен спорт на Бодибилдингот е таканаречениот ”Уличен тренинг” каде што наместо кревање тегови, се прават склекови, кревање на вратило и слично.

 

 

Н.Н.

error: