Фитнес

5 најчести заблуди кои ги имаме во врска со вежањето

Дека човечкото тело едноставно ужива во физичката активност, тоа е повеќе или помалку познато на сите. Сепак постојат голем број на митови кои се во оптек и без било какви анализи се земаат како точни.
Вежбањето навистина прави фантастични работи, но…

1. Вежбањето нема да ве направи послаби

Прво и основно, истовремено ова е најчестата заблуда за фитнесот и физичките активности.
Телесната тежина се одржува на посакуваното ниво само преку регулирање на начинот на исхрана и бројот на внесени калории.
Вежбањето всушност помага да се изгорат одреден број калории, во зависност од видот на активноста но затоа и жестоко отвора апетит после тренингот.
Ова значи дека без одредена корекција на исхраната веројатно ќе ја задржите старата килажа, но во секој случај ќе имате и придобивки, пред се вашите мускули ќе станат посилни и поголеми.

2. Вежбање не може да ве спаси ако седите цел ден

Може да ви помогне во помала мера, но ако мислите дека за еден час одвоено време да се реши проблем кој е предизвикан од 10-часовно дневно седење, сепак се лажете.
Инаку, седењето е сосема неприродна положба на човечкото тело, кое во долги временски интервали почнува да делува проблематично на ‘рбетот, срцето и нивото на шеќерот во крвта.

3. Истегнувањето пред тренингот ја намалува издржливоста

Повторно, еден од најчестите митови – пред вежбање е потребно да се истегнете.
Ова не е и не може да биде целосно добра пракса, бидејќи многу неодамнешни студии покажаа дека истегнување пред тренинг ја намалува издржливоста.
Од друга страна, секогаш е важно да се загреете за да се избегне можноста од повреди и затоа се препорачуваат и други начини на подготовка пред вежбање, како што е кретко истрчување и слично.

4. Жените за исти резултати мора да се измачат многу повеќе од мажите

Машките и женските тела се значително различни, а особено овие разлики се гледаат во создавање на нови мускулни влакна.
Мажите имаат тестостерон, хормон кој е меѓу другото и одговорен за посилни мускули, од друга страна жените имаат естроген кој има сосема различни ефекти.
Поради тоа, треба да се има на ум дека иако вежбањето во парови е нешто фантастично, и дамите треба да се прилагодат на систем на вежби и видови на диети.

5. Луѓето кои се во брак и долги врски најмалку вежбаат

Бракот со себе носи многу придобивки за здравјето на луѓето, но кога станува збор за овој аспект, сетете се само колку многу луѓе од вашата околина значително ја зголемиле телесна тежина по пловење во мирни брачни води.

 

 

Н.Н.

error: