СветФизичко Здравје

Високиот крвен притисок во бременоста го зголемува ризикот од деменција подоцна во животот

Страдањето од прееклампсија – зголемен крвен притисок за време на бременоста – е поврзано со зголемен ризик од деменција подоцна во животот, стои во резултатите од едно ново истражување.

Прееклампсија се јавува кај околу 5% од бремените жени, најчесто по 20-тата недела од бременоста. Освен хипертензија, оваа состојба се манифестира и со замаглен вид, главоболки, отоци по телото и значајно добивање во тежина.

Истражувачите следеле 1,178,005 жени од Данска кои се породиле помеѓу 1978 и 2015 година. Повеќе од 58 илјади од нив имале прееклампсија, и со самото тоа двојно поголем ризик од деменција.

„Мојот совет за жените кои имале прееклампсија е ист како и за оние со деменција и кардиоваскуларни проблеми. Намалете го крвниот притисок, намалете ја телесната тежина, најдете начин да го намалите ризикот од дијабетес тип 2. Овие резултати треба да се потврдат и во други популации, па дури потоа да се одлучи што да се направи. Во овој момент, сеуште не знаеме каква интервенција е потребна“ вели Хедер Бојд, еден од главните автори на ова истражување.

Би можело да ве интересира и: 5 правила во исхраната при кои треба да се придржувате за време на бременоста

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: