Свет

Вакцинирано дете од Србија добило морбили

Во градинка во Белград, дете од предучилишна возраст кое веќе ја примило ММР вакцината, е заразено со морбили, пренесува српски Курир.
Детето откако добило осип по телото било однесено во медицинска установа и градинката била веднаш информирана.

Малиот има осип, но тој може да е предизвикан и од храна. На детето му е земан брис од грло и нос кој е препратен на понатамошни анализи.

Иако официјално сеуште нема резултати дали се работи за сигурен случај на морбили, од градинката велат дека веднаш ја контактирале санитарната инспекција и сите родители чии деца престојуваат во градинката.

Се е испрано и дезинфицирано, од рафтови и шкафови до играчки и апсолутно сите потребни мерки се преземени. Ситуацијата постојано ја следиме и сме во постојан контакт со родителите на заразеното дете. Ако тоа воопшто се морбили, тогаш се работи за некој благ облик. – вели санитарната сестра Даниела Маринкович

Нормално, родителите чии деца престојуваат во градинката се видно вознемирени и велат дека или се работи за некаков медицински феномен, или пак измама со сертификатите за вакцинација во градинката.

Од градскиот завод за јавно здравје на Белград потврдено е за Курир дека нивните екипи биле на терен, и дека земале брис кој е пратен на анализа во Институтот „Торлак“

Епидемиологот Предраг Кон вели дека од почетокот на епидемијата, која трае скоро 6 месеци, немале случај вакцинирано дете да добие мали сипаници.

„Дури и анализите непосредно по вакцинацијата би покажале антитела на морбили, тоа е и суштината на вакцинацијата. Од екстремно благ облик на морбили може да заболи некој кој примил само една доза вакцина. Проблем е кога имате ниско вакцинирана популација, па вирусот масовно циркулира, но вакцинирано дете да заболи е редок случај. Секој сомнеж во вакцинацијата која се појавува во моментов може да е неверојатно штетна“ – изјави Кон.

error: