СветФизичко Здравје

СПАС ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ? Научници направија инсулин во таблети

Дијабетесот тип 1 е автоимуна болест, најчесто наследна, и е помалку раширен отколку дијабетесот тип 2, и на него не може да се делува превентивно. Кај овој тип на дијабетес, имунолошкиот систем погрешно ги напаѓа и оштетува клетките кои произведуваат инсулин, хормон клучен за регулирање на нивото на глукоза.

Ако дијабетес тип 1 не се регулира, може да предизвика сериозни здравствени проблеми. За да се спречат компликации и состојбата да се држи под контрола, лицата со оваа дијагноза мора да земаат инсулин во инекции или преку инсулински пумпи.

Оралното земање инсулин е сон и за пациентите и за лекарите, и би било најдобра алтернатива на инекциите. Но, за жал, научниците досега не беа успешни во обидите да развијат таблета која ќе ги надмине пречките кои ги создава желудочната киселина и ензимите за разградување на храната, за да стигне до крвта.

Меѓутоа, научниците од Харвард во магазинот PNAS, опишаа истражување во кое успеваат да произведат таблета која може да го помине системот на органи за варење без оштетување. Тие создале сложена облога на таблетата која го чува инсулинот од желудочната киселина, и која може да помине низ заштитните бариери на цревата.

Како функционира?

Заштитната обвивка ја штити таблетата од киселото опкружување, и почнува да се топи дури во тенкото црево. Кога протеинските молекули на инсулинот ќе влезат во системот за варење, тие наидуваат на многу ензими чија функција е да ги разградат протеините во аминокиселини, додека инсулинот во таблетата останува стабилен.

Научниците велат дека таблетата е лесно да се произведе, поевтина е од другите видови терапија, и лесно е да се чува до два месеци на собна температура. По многу обиди и грешки, конечно е пронајден начин за орално земање инсулин.

Ефектите од ова истражување може да бидат огромни, ако таблетата успешно ги совлада сите пречки од системот за варење и кај луѓето. Инсулинот внесен орално, до крвта ќе стигне на начин кој е доста сличен на природниот начин на лачење инсулин.

Овој метод би можел да ги намали несаканите дејства од инсулинската терапија со инекции. Научниците се оптимистични и велат дека следен чекор е спроведување понатамошни истражувања на животни, за да се потврди дека таблетата е сигурна за варење, и потоа да се почнат клинички испитувања и на луѓе.

Би можело да ве интересира и: 7 стратегии кои ќе ви помогнат да се ослободите од дијабетес тип 2

error: