Свет

Што сѐ расте во апаратите за сушење раце?

Никол Вард е млада мајка од Калифорнија која неодамна спровела еден експеримент. На три минути спуштила Петриев сад под електричен апарат за сушење раце каков што има во многу јавни тоалети. Петриев сад е инаку садот кој го употребуваат физичарите за да откријат бактерии. По неколку дена, Никол забележала дека во садот нешто расте.

“Дали сте подготвени за изненадување? Ова овде е она што порасна во Петриевиот сад кој го ставив во апаратот за сушење на рацете и тоа на само три минути. Да. Само три минути. Никогаш не сушете ги рацете со таа машина, овде има неколку видови на патогени габи и бактерии кои се размножуваат, а вие сте убедени дека излегувате со чисти раце од тоалет“, вели Никол.

error: