Свет

Русинка се породила во Црвено Море (ФОТО)

Руска туристка се породила во Црвено море во Египет и излегла од водата како ништо да не било.

Таа отишла на пливање на плажата Red Sea Resort во Египет со сопругот и лекар чија специјализација е породување во вода.

Hadija Hosni El Said го забележила овој момент низ прозорецот од својот апартман во истиот ресорт. Таа направила фотографија на која се гледа таткото како излегува со новороденчето од вода, додека лекарот носи постелнина.

Веднаш штом ги објавила сликите на Фејсбук, тие го обиколија светот.

Таа вели дека на сликите лекарот кој е специјализиран за породување е во водата, а и фактот дека при рака имале постелнина укажува дека ова породување било однапред испланирано.

Неколку моменти подоцна, од морето излегла и мајката и се придружила на фамилијата, каде било и нивното постаро дете.

Трогателните фотографии оставаат силен впечаток, па не е зачудувачки тоа што коментарите на социјалните мрежи се воглавно позитивни.

Идентитетот на мајката и полот на новороденчето не се познати, но судејќи по фотографиите и мајката и бебето изгледаат совршено здрави.

error: