Свет

Редок случај на вонматерична бременост завршило среќно иако мајката не се појавила на преглед

Редок случај на вонматерична бременост, која најчесто завршува со инициран абортус, е забележан во Русија. Најневеројатното е тоа што бебето успеало да преживее.

Мајката има 31 година и била украинска бегалка која живеела во Сибир. Успеала целата бременост да ја износи без ниту еден преглед на гинеколог. Бебето го крстила Вероника, што значи „надеж во победа“.

Бебото зачудувачки е добро. Тоа е еден од најретките случаи, бидејќи само едно од 625 милиони бебиња успеваат да преживеат абдоменална бременост. Иако најчесто вонматеричните бремености се случуваат при вештачко оплодување, тука станува збор за зачнување по природен пат.

Но, тоа не е целиот случај.

Мајката на малата Вероника и таткото решиле таа да не се пораѓа во болница, туку дома. Породувањето започнало како што треба, но тогаш контракциите нагло престанале.

Тогаш мајката заминала во болнциа, а операцијата била извршена од тим од 10 лекари. За среќа, и мајката и Вероника успеале да останат живи.

Руските медиуми пренесуваат дека лекарите истражуваат како дошло до тоа бебето да се развие надвор од матката. Овој случај сигурно ќе влезе во учебниците, а и во научната медицинска литература.

error: