Свет

ПРВ СЛУЧАЈ ВО СВЕТОТ: Жена од Белград со пресадена матка роди син

Триесетиосумгодишна Србинка е првата жена на светот која роди бебе со пресадена матка, донирана од нејзината еднојајчена сестра близначка. Таа родила машко бебе тешко 2.970 грама, а мајката и детето се во добра состојба.

Породувањето со царски рез беше направедно во Универзитетската болница во италијанскиот град Болоња. Интервенцијата била извршена со спинална анестезија, а жената за време на породувањето била свесна.

Таа се одлучила да се породи во Болоња, бидејќи во Италија престојувала поради работни обврски. Жената останала бремена со постапка на вонтелесно оплодување, по пресадувањето на матката кое било извршено на Универзитетската клиника во Белград.

Според информациите, се планира жената да ја задржи пресадената матка бидејќи таа и е пресадена од нејзината еднојајчана близначка, па не мора да прима тешка имуносупресивна терапија против отфрлање на органите. Тоа значи дека би можела да  планира уште една до две бремености. Таа и нејзиниот сопруг во клиниката во Стокхолм имаат уште 11 замрзнати ембриони кои можат да ги искористат.

error: