Родители и ДецаСвет

Омега-3 масните киселини можат да го намалат ризикот од предвремено породување

Земањето суплементи од омега-3 масни киселини за време на бременоста може да го намали ризикот од прерано породување, открија најновите истражувања.

Анализирани се 70 истражувања кои опфатиле вкупно 20,000 жени. Неколку од тие истражувања се базирале на внес на риба, но повеќето биле за суплементи од омега-3 масни киселини.

Истражувачите откриле цврсти докази дека жените кои земале омега-3 суплементи, во споредба со оние кои не земале, имале 11% помал ризик од породување пред 37-та недела од бременоста, и 42% помал ризик од породување пред 34-тата недела.

Немало доволно докази за да се заклучи дали омега-3 влијаеле на останатите работи поврзани со бременоста.

Главниот автор на истражувањето, Филипа Мидлтон изјави дека последиците од предвремено породување се сериозни, и се водечка причина за смрт во светот кај децата под 5 години.

„Една од причините зошто ова е големо откритие е тоа што не постојат толку многу нешта што можат да се направат за предвремено породување. Омега-3 суплементацијата е нешто што ќе направи огромна разлика во процентот на предвремени породувања“ вели таа.

Би можело да ве интересира и: 5 правила во исхраната при кои треба да се придржувате за време на бременоста

Н.Н.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: