Свет

Нова мобилна апликација ќе препознава дали има бактерии во храната

Постојат само неколку точни методи со кои ефикасно може да се спречи труењето од храна. За да се тестира храната за штетни бактерии, потребна е специјална медицинска опрема, и дури два дена за резултати.

За да го променат тоа, научници од Универзитетот во Масачусетс во САД, развиле апликација за паметни телефони која го предупредува корисникот дека бактериите се присутни во некоја храна. Со користење на оваа апликација, резултатите за тоа дали има патогени бактерии пристигнуваат за околу 2 часа.

Таа функционира со тоа што користи чип кој е премачкан со хемикалии, кои се поврзуваат дури и со најмалата количина на бактерии. За жал, оваа апликација сеуште ја нема можноста да распознае добри од штетни бактерии. Поради тоа, научниците ќе ја продолжат својата тешка работа да пронајдат нови техники кои ќе бидат способни да откријат специфични видови бактерии.

error: