АлтернативаСвет

Мистична терапија: Зошто повеќе од 2 милиона луѓе ги посетиле прочуените Најданови кругови?

Во последните 10 години, поради лековитите својства, ова место било посетено од повеќе од 2 милиони луѓе. Иако науката сеуште не може да ја потврди појавата на овој феномен, луѓето кои ги посетиле Најдановите кругови кај Пожаревац гарантираат за нивната лековита моќ.

Најдан Ракиќ е оној кој ги открил двете места со биопозитивна енергија, одтаму доаѓа и името Најдановите кругови.

Кој е Најдан Ракиќ?

Најдан Ракиќ бил правник и преведувач, а во слободно време се бавел со биоенергија. Тој цел живот го поминал истражувајќи различни локации со енергетски зрачења низ цела бивша Југославија. Во својот живот успеал да открие само две места. Првото откритие во селото Мокра во 1991 година, успеал во 2001 да го заштити  како интелектуална сопственост под името “Еликсирни Кругови”.

Што крие оваа мистична терапија?

Станува збор за буквални кругови исцртани со бела фарба на асфалтот со дијаметар од околу 7 метри.

На раскрсницата каде што се спојуваат селските улички во Мала Крсна, во круговите стојат луѓе и на секои 90 минути на нивно место застанува нова група луѓе кои исто така стојат деведесет минути со надеж дека ќе се излечат. И така за едно деноноќие се менуваат стотици луѓе, а во ред се чека со часови.

Истото се случува и во кругови со дијаметар од 5 метри на Големиот камен во селото Мокра.

Што точно се случува за време на овој ритуал – никој не знае!

Биоенергетичарите кои се занимаваат со биоенергија тврдат дека од целиот свет токму овие две места имаат најсилна позитивна енергија. Додека науката пак не може да докаже ни дека воопшто станува збор за некаков природен феномен. Луѓето пак кои ги посетиле овие места велат дека за да веруваат во исцелителната моќ на круговите не им е потребен никаков доказ.

Се зборува дека некои после терапијата ги фрлиле штаките и почнале слободно да се движат, некои се ослободиле од високиот крвен притисок и реумата, некои пак тврдат дека избегнале тешки операции со помош на оваа терапија под ведро небо.

Како што рековме науката нема објаснување за овој феномен, но еден познат научник мистеријата позади Најдановите кругови ја опишал вака:

Како што постојат негативни, позитивни и неутрални енергии и кога веќе многу добро ни се познати негативните зрачења по здравјето на луѓето, тогаш зошто да не може да постојат и позитивни зрачења кои би биле добри по здравјето?

Ние претпоставуваме дека е можно да станува збор и за автосугестија, односно голема улога во лечењето имала волјата и вербата. Но сепак, не можеме ништо да тврдиме.

Оние кои се бават со биоенергија цврсто веруваат дека позитивната енергија може да лечи и да го обнови целосно организамот на човекот.

Што лечат Најдановите кругови?

На основа на разговор со луѓе кои доаѓале да се лечат во Еликсирните кругови, ти лечат: различни типови на тумори и цисти, реума, ишијас, различни психози и неврози.

Се разбира дека постојат и луѓе кои со оваа терапијата не успеале да се излечат, но зачудувачки, вакви ги има малкумина. Најдан велел дека оној 1 процент кои не успеваат да се излечат се всушност оние кои не се придржувале до терапијата која тој ја напишал на двете места, и до која мора секој стрикно да се придржува.

 

К.М.

error: