Свет

На жена од Србија успешно ѝ е отстранет редок тумор тежок 25 килограми

Сарком со огромни димензии кој ја зафатил целата десна половина од телото, вклучувајќи го градниот кош и абдоменот, е опериран кај 47-годишна пациентка од Србија.

Иако пациентката е претходно лекувана во повеќе медицински установи во земјата и во странство, се откажала од лечењето заради големиот ризик. По бројни консултации со фамилијата, лекарите од Војномедицинската академија во Белград одлучиле да ѝ помогнат бидејќи нејзиниот живот бил сериозно загрозен од туморот со пречник од 80 сантиметри и тежина над 25 килограми.

За да се изведе ваков зафат, потребно било да се направи ресекција на повеќе ребра, плуќата, дијафрагмата, десната половина од дебелото црево, тенкото црево, десниот бубрег, црниот дроб и жолчката.

Зафатот бил исклучително комплициран, а тимот бил предводен од професор доктор Братислав Трифунович.

error: