ЗдравјеСвет

Кратко испитување на вратот може да открие деменција 10 години пред симптомите да се појават

Скот Чиеса, од Универзитетскиот Колеџ Лондон, и неговите колеги, велат дека тестот што се користи за мерење на пулсот во вратот, еден ден може ќе се користи да се испитува пад на когнитивните способности.

Во 2002, истражувачите користеле скенер со ултразвук за да ги испитаат крвните садови во вратот на повеќе од 3.000 лица, а потоа ја следеле нивната меморија и способноста да решаваат проблеми во текот на наредните 15 години.

Тие откриле дека лицата со најинтензивен пулс на почетокот на истражувањето имале 50% поголеми шанси да страдаат од пад на когнитивните способности во споредба со другите лица. Тоа се должи на силата со која крвта патува до мозокот што може да предизвика штета на мозочната мрежа на крвни садови. Пулсот станува се посилен кога артериите близу до срцето се „изморени“, што најчесто е предизвикано од лоша исхрана.

Пад на когнитивните способности е еден од првите знаци за деменција, но не сите кои поминуваат низ тоа заболуваат од деменција. Здравиот животен стил, како што е здравата исхрана и редовното вежбање можат да помогнат да се победи сето ова.

„Одржувањето здраво срце и крвен притисок се асоцира со помал ризик од развој на деменција“ вели Керол Ратлиџ, директор на организацијата за истражување за деменција во Обединетото Кралство.

Истражувачите велат дека тестот може да претставува нов начин да се откријат лицата со зголемен ризик од деменција, што може да доведе до поран третман и интервенција.

„Деменцијата е крајниот резултат на десетици години штета, па затоа кога ќе се појави, веќе е прекасно да се напарви било што. Важно е да се воочи што порано и да се најде начин да се види кој всушност си го зголемува ризикот од деменција“ вели Чиеса, авторот на истражувањето.

Би можело да ве интересира и: Високиот крвен притисок во бременоста го зголемува ризикот од деменција подоцна во животот

Н.Н.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: