СветФизичко Здравје

ИСТРАЖУВАЊЕ: Загадувањето на воздухот го зголемува ризикот од појава на дијабетес

Научниците веруваат дека загадувањето на воздухот дополнително допринесува на воспалителните процеси во организмот, и со самото тоа доведува до намалување на производството на инсулин.

Истражувањето спроведено од експерти на Универзитетот во Вашингтон, објавено во „The Lancet Planetary Health“, пронашло врска помеѓу загадувањето на воздухот и зголемениот ризик од дијабетес. Нагласен и алармантен е фактот дека зголемениот ризик бил присутен и при дозволената концентрација на загадување со  ПМ 2,5 честички, која изнесува 10 μg/mспоред Свеската здравствена организација.

Според најновите тврдења, загадувањето на воздухот е причината за појава на 3.2 милиони нови случаи на дијабетес годишно, што претставува 14% од сите нови случаи на оваа болест.

error: