ЗанимливостиСвет

Историја на Мовембер: Како мустаќите станаа глобален знак за подигнување на свеста за машкото здравје

мовембер историја

Кога станува збор за машкото здравје, мажите речиси и да не зборуваат. Ова го потврдуваат и докторите според кои за разлика од жените, мажите не одат на редовни прегледи и многу малку водат грижа за своето здравје. Токму ваквата состојба во светот ги потикнала малада групa мажи во Јужна Австралија да го создадат првото уникатно движење за машкото здравје кое за кратко време прераснa во глобално движење.

Идејата се родила во паб

Во 2003 година, двајца пријатели од Мелбурн, Австралија (Травис Гароне и Лук Слатерџинг)  додека пиеле пиво во локален паб, зборувале за модните трендови. Во текот на разговорот заклучиле дека мустаќите во изминатите децении не можат да се видат во ниту еден тренд. Тие решиле да направат промена и да ги вратат мустаќите во мода.

Двајцата пријатели решиле да разговараат со своите другари и да го развијат Мо. Инспирирани од мајката на еден нивен пријател која донирала средства за рак на дојка, одлучиле да направат кампања за здравјето на мажите и ракот на простата. Тие ги создале правилата на Мовембер, кои  важат до денеска, и решиле да наплаќаат по 10 долари за да го развијат Мо. Го дизајнирале логото на првиот Мовембер, и испратиле маил со наслов „Дали си доволно човек за да бидеш маж“. (Are you man enough to be my man?)

Околу 30 мажи го прифатиле нивниот предизвик. Тие се првите Мо мажи кои ги пуштиле мустаќите. Во 2004 година бројот на учесници се зголемил. По иницијатива на Адам Гароне за да го зајакнат Мовембер, регистрирале компанија и направиле веб страна. Џастин Коглан се приклучил на одборот за да ја води меѓудржавната мрежа на кампањата.

Ракот на простата – прв предизвик за Мовембер

Почнале да ги истражуваат здравствени проблеми со кои се соочуваат мажите и формално се согласиле да го поддржат ракот на простата како причина за собирање на средства. Набргу склучиле договор со Фондацијата за рак на простата во Австралија за да ги прифати средствата од кампањата во 2004 година.

450 мажи кои се приклучија на кампањата во 2004 година собраа над 54.000 австралиски долари, со што Велика Британија и Шпанија беа првите меѓународни подржувачи на движењето Мовембер. Сите средства беа донирани на Фондацијата за рак на простата на Австралија, а трошоците за кампањата беа покриени од четворицата коосновачи. Во 2005 година беше дизајнирана креативна кампања со концепт„ Клоцни го канцерот на простата во задникот“ , во која собраа 1.2 милиони долари.

Од 2005 година Фондацијата за рак на простата на Австралија стана официјалeн партнер на Мовембер.

Да го промениме лицето на машкото здравје

Во 2006 година четворицата коосновачи, ја формираа официјалната добротворна организација Фонадација Мовембер. Оваа година беше создадено и официјалниот слоган на кампањата „Да го промениме лицето на машкото здравје“.

Понатамошните истражувања за здравјето на мажите во Австралија покажаа дека депресијата е значајно прашање. Ова ја покрена иницијативата за депресијата и анксиозноста кај мажите да стане втората цел на Мовембер.

Следната година, кампањата која се спроведе во Нов Зеланд собра 9.3 милиони австралиски долари. Во 2007 година, охрабрени од растечкиот ентузијазам во целиот свет, четворицата кооосновачи одлучија да ја прошират кампањата на меѓународно ниво. Адам се пресели во Лос Анџелес за да ги започне американските и канадските кампањи во партнерство со Фондацијата за рак на простата на САД и Канада.

Во кампањата во 2007 година, во Австралија, Нов Зеланд, САД, Канада, Велика Британија и Шпанија се собраа 21,5 милиони австралиски долари и ја подигнаа свеста за здравствените проблеми на мажите.

Од првите неколку години, Мовембер продолжи да расте со извонредно темпо. Сега има официјални кампањи во 21 земја и досега се собрани на 730 милиони австралиски долари со кои се финансирани над 1000 истражувања за машкото здравје. Фокусот на фондацијата е на четирите клучни проблеми кај мажите: рак на простата и на тестиси, ментално здравје и физичката неактивност.

Во светот  повеќе милиони мажи се приклучија и пуштија мустаќи, се донесоа значајни откритија за машкото здравје и се направи огромна промена во однос на подигнување на свеста за машкото здравје.

Би можело да ве интересира и: Мажите над 180цм имаат поголем ризик од рак на простата

А.Е.

Следете нѐ на фејсбук ↓

error: