Свет

7-годишно девојче од Белград со сериозна алергија вратено од амбуланта бидејќи не е нивен пациент

„Алергијата почна да се шири наеднаш по цело тело, детето потече, а докторката рече дека не е опасно по живот, и не прати дома“ – вели Миодраг Живановиќ, татко на 7 годишното девојче кое синоќа иако имало тешка алергија било вратена дома, за српски Курир.

„Се започна вчера околу 19:45 часот на улицата во Котеж, населба во Белград. Наеднаш ѝ се слоши, алергијата ѝ се рашири по целото тело. Почна да отекува, а ние испаничивме бидејќи и јас имам сличен проблем, наследно е, и знам колку може да е сериозно и дека може да дојде до гушење“ објаснува Живановиќ. Тој додава дека амбулантата била блиску, и решиле да побараат итна медицинска помош.

„Брзо се упативме кон амбулантата и ја сретнавме докторка Сања Д. Таа не нè ни прими во ординација, туку ја прегледа нашата ќерка во ходникот. Потоа, докторката само констатираше дека алергијата не е сериозна и нè испрати дома.

Родителите се обиделе да ја добијат потребната помош, но докторката инсистирала дека не е сериозно и дека девојчето не е нивен пациент, туку пациент на амбулантата во Крњача.

„Веднаш заминавме и отидовме во првата најблиска аптека. Ги објаснивме симптомите, и веднаш ни дадоа лек кој треба да се користи, а потоа повикавме и итна помош“ вели Миодраг.

 

error: