Свет

5-годишно девојче починало откако докторот ја вратил бидејќи каснела 10 минути

Неприфатливо е девојче да почине по одбивање на докторот да ја прегледа затоа што каснела неколку минути – пресуди судот во Њупорт, Велс

Откако учителката на Ели ја контактирала мајка и за да и каже дека 5 годишното девојче не е добро и мора да го однесе на лекар, мајката веднаш се јавила во болницата за да закаже термин. Болницата успеала да ја добие дури во 4:35 и да ги извести дека нејзината ќерка отежнато дише и не може да оди, термин и закажале во 5 часот.

Мајката на 5 годишното девојче која била без автомобил, имала само 25 минути за да ја однесе ќерка и на време за терминот. Откако успеале да стигнат пет минути подоцна, на рецепција требале да почекаат сестрата да заврши со телефонскиот разговор и да ги упати пациентите кои биле пред нив.

На ред на рецепција успеале да стигнале некаде околу 5:10 до 5:18 часот. Кога сестрата се јавила на докторот за да ја прими малата Ели, тој одбил да ги прими и рекол да се вратат наредниот ден, затоа што му завршува смената.

Ниту го отвориле картонот за да ја видат ситуацијата на Ели, ниту пак прашале за нејзиниот итно закажан термин. Докторот не се ни потрудил да ја препрати Ели на некој негов колега кој бил на смена.

Девојчето си легнало во осум часот. Кога мајката во 10:30 слушнала дека Ели кашла веднаш истрчала да ја види, девојчето веќе било помодрено и се гушело. Кратко време по пристигнувањето во болница, и била констатирана смрт. Причина за смртта: бронхијална астма.

Изјавата на докторот, кој одбил да го прегледа девојчето, по оваа случка гласи:

Знам дека што и да се каже или направи сега, нема да направи никаква разлика за семејството, но би сакал да кажам колку навистина жалам за тоа што се случи.

 

 

K.М.

 

error: