Македонија

Во Македонија донесени нови методи со кои ќе се спасуваат предвреме родените бебиња

Употребата на нови неинвазивни методи и лекови ја зголемува веројатноста за преживување на предвреме родените бебиња со мала родилна тежина, се скратува времето поминато на интензивна нега, се овозможува побрзо спојување со мајката, а се намалува и можноста за оштетување на нивниот слух и вид.

За ова сведочи и предвремено роденото бебе во 27 гестациска недела со родилна тежина под 500 грама, кое е прво во Македонија што преживеало, а денеска на Одделот за интензивна нега при Клиниката за детски болести го посети министерот за здравство Венко Филипче.

– Денеска го посетивме единственото бебе во Македонија кое преживеало, а е родено пред четири месеци со родилна тежина под 500 грама во 27 недела. Имплеметирани се сите најнови методи и опрема со поддршка од Министерството за здравство и нашите парнери, рече Филипче по посетата.

Додаде дека е употребена специјална форма на вентилација и вбризгување лек кој дава поддршка на белите дробови.

Прочитајте повеќе на НоваМакедонија

error: