Македонија

„Сите за Сара“- хуманитарна забава во скопската Зоолошка градина

Скопската Зоолошка градина организира хуманитарен настан за да се соберат донации за лекување на 15-годишната Сара.

„Во сабота, донираме за 15-годишната Сара од Охрид која боледува од анемија апластика и мора да оди на третман кој чини дури 200.000 евра. Да бидеме другари и да и помогнеме на Сарче. Кутијата за донации е поставена секојдневно на билетарата во Зоолошка, а во сабота ќе имаме и специјален настан за собирање на средства.

Од 12:00-15:00 посетителите ќе имаат можност да се дружат, сликаат, играат и анимираат со најомилените Дизни ликови Мики и Мини, а за тоа време во интерактивната зона ќе има поставено и кутија за донации каде што секој ќе може да помогне за Сара да има безгрижни тинејџерски денови – објавија од Зоолошката градина.

error: