Македонија

ПРВ СЛУЧАЈ ВО РЕГИОНОТ: Во „Аџибадем Систина“ е спасен животот на трудница со дисекција на аорта

Тимот на „Аџибадем Систина“ спаси живот на 27-годишна трудница која дошла во ургентниот центар во загрозувачка состојба, со знаци на сериозна форма на дисекција на аортата. Животот на бебето е спасен со итен царски рез, а потоа се продолжило со операција на аортата. Мајката и бебето се во стабилна состојба.

Ваквиот случај е прв од овој тип во регионот во кој се спасени двата живота. Ова е историски успех кој ја пласира „Аџибадем Систина“ во врвните здравствени центри. Просечната смртна стапка кај вакви случаи е 55-60%.

Пациентката не била прифатена од никој друг кардиохируршки центар поради комплексноста на случајот. Таа чувствувала силна болка во градите, тешкотии при дишењето. Од болниците била одбиена поради тоа што тие не можеле да ја третираат.

„Најголемо разочарување за нас беше болницата Филип Втори. Жена ми едвај стоеше на нозе, а тие не се обидоа да направат нешто, само кажаа – ние неможеме да ви помогнеме, немаме услови за да ја спасиме пациентката, одете веднаш во „Аџибадем Систина“. На државна клиника и во Градска општа болница „8 септември„ сопругата не ја ни сметаа за итен случај, морав сам да инсистирам за да и направат дополнителни испитувања.“ вели сопругот на пациентката Селам Муареми.

Остатокот од текстот можете да го прочитате на фактор.мк

error: