Македонија

После три години, успешно извршена трансплатација на бубрези од починат донор

Фото: ТВ21

После три години пауза, на Клиниката за Нефрологија во соработка со Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, во Македонија за првпат успешно се изврши трансплатација на бубрези од  пациент кој доживеал мозочна смрт.

Од пациентот кој починал, со дозвола на најблиските членови од семејствто, земени се бубрезите и веднаш се трансплантирани на двајца пациенти кои чекале на нив.

Двете трансплатации поминале успешно и засега пациентите кои добиле бубрег добро се чувствуваат. Министерот за здравство. Доц. д-р Венко Филипче вчера, веднаш по трансплатацијата ги посети пациентите.

„Неверојатно сум горд на медицинскиот персонал од Нефрологија и КАРИЛ кои направија неверојатно добра работа. Спасија два живота, на една жена и маж кои долго време се измачувале низ процесите за лекување и дијализа. За пациентката ова е втора трансплатација на бубрег, и посакувам добро здравје и оваа трансплантација да помине како по книга, успешно. Но, неверојатно сум горд и со полна почит кон родителите на дарителот на органите, кои дозволија, по мозочната смрт да ги донираат бубрезите од починатиот. Точно, за  ваков чекор потребно е човек да биде подготвен и неверојатно големата загуба да ја потиснат размислувајќи дека со донирање на органи, ќе продолжат и спасат нечии туѓ живот. За мене лично, тоа се најголемите херои на денешницата“, вели министерот Филипче.

Директорката на КАРИЛ, Маја Мојсова, изјави дека навистина долго се чекало на ваква трансплатација, цели три години.

„Трансплатација од починат донор, беше во застој од 2015 година, за жал.  Се надевам дека со почетокот овие трансплатации  ќе не донесат  до  влезната врата од ЕУРОТРАНСПЛАТ системот. Искрено се надевам дека ќе ги препознаат нашите напори за трансплатација и многу скоро ќе можат и наши пациенти да се надеваат на органи кои би можеле да ги добиеме од некои други европски болници“, вели докторката Мојсова.

error: