Македонија

Поразителни податоци: Половина од жените кои добиле покана за бесплатен ПАП тест, не се појавиле на преглед

Според Институтот за јавно здравје на Македонија, скоро 50% од сите жени во Македонија кои добиле покана изминатата година за бесплатен преглед на грлото на матката, не отишле да го искористат.

Во 2017-та година вкупно биле испратени 40.505 покани за ПАП тест. Тоа е за 4.623 покани повеќе од 2016-та година, кога биле испратени 35.882 покани. Што се однесува до процентот, во 2017-та година од вкупно поканетите, 85,5% добиле покана. Тоа е премало зголемување во однос на 2016-та година, кога имало 83,4%.

Вкупно 34.163 жени примиле покана, од кои 15.047 не се појавиле на преглед, односно 43,5%, што претставува поразително голем процент. Во однос на 2016-та година, оваа бројка е значително поголема. Во 2016-та, само 29,7 проценти од поканетите не се појавиле. Во 2015-та пак, процентот изнесувал 34,6.

Според демографските податоци, најмал процент на поканети жени се појавиле од Велес(23,1%) и Гостивар(43,6%).
Исто така поразителен е и бројот на општини во кои воопшто не се ни доставуваат покани до жените на возраст од 36 до 45 години.

 

 

Н.Н.

error: