Македонија

Новороденче оставено пред Домот за доенчиња во Битола

Женско бебе на возраст од околу една недела е оставено пред влезот на Домот за доенчиња во Битола.

Бебето е пронајдено вчера во 23:45 часот од страна на З.Б. (50) од Битола. За случајот е известен Центарот за социјални работи во Битола по што социјален работник излегол на местото на настанот и извршен е разговор со З.Б..

Новороденчето е оставено во Домот за доенчиња и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error: