Македонија

“Јади како шампион“ во Сити мол за борба против детската дебелина и гојазност

Компанијата BEKO има чест да Ве покани да присуствувате и да учествувате на регионалната турнеја “Јади како шампион (Eat like a pro), со којашто се бори против детската дебелина и гојазност. Tурнејата во Македонија ја поддржува познатиот македонски готвач Шеф Огненовски, кој ќе подготвува здрава храна според рецептите што се користат во подготовка на јадења за играчите на фудбалскиот клуб Барселона.

Компанијата BEKO ќе донира и ваучер на Посебното Основно Училиште „Златан Сремец“ Скопје, со што ќе овозможи услови за подобрување на здравите навики во исхраната на децата. На дводневниот настан во Скопје Сити Мол, ќе се организираат бројни спортски и кулинарски работилници за сите посетители, кои исто така, може да учествуваат и да освојат вредни награди. 

Термин за одржување на настанот: 23-ти и 24-ти јуни 2018

Времетраење на настан: 14 – 21 часот

Локација: Скопје Сити Мол (плато до кафе бар „Тренд“)

На глобално ниво, платформата “Јади како шампион” (Eat like a pro) има цел да привлече внимание на важноста на здравата исхрана, особено во случаи кога нарушувањата во исхраната кај децата се проблем кој сé повеќе се зголемува. Целта е да се создадат здрави навики за децата да јадат здраво и да се развиваат здраво.

Се надеваме дека ќе се придружите на турнејата за да ја подигнеме свеста за важноста на здравата исхрана кај децата.

Повеќе информации за настанот може да прочитате на следниов линк

error: