МакедонијаРодители и Деца

#ДомаСоЛеа: Првата македонска мамичка на YouTube

дома со леа

Дома со Леа е нов YouTube канал каде Леа ќе ги споделува сите предизвици кои ги носи мајчинството, и совети како истите да се решат. Каналот е направен со цел информирање на сите они кои допрва треба да станат родители, или се новопечени родители, за тоа што сѐ опфаќа чувањето на бебе.

“На секоја мајка и треба систем од мали нешта коишто ќе ѝ помогнат да ја задржи контролата во текот на денот. Ваквиот систем секоја од нас го гради чекор по чекор, сама, бидејќи мора да е комплетно прилагоден на потребите на детето, на преференците на мајката и таткото“ – вели Леа.

Таа преку својот канал сака да сподели што им помага највеќе на неа и нејзината 4-месечна ќеркичка Зара.

Леа и нејзините видеа можете да ја гледате секој понеделник во 12 часот, а нејзиното прво видео можете да го погледнете подолу.

error: