Македонија

Доктор од Тетово на диво лекувал пациенти од рак на кожа

Државниот здравствен санитарен инспекторат изврши контрола кај ресенчанец  којподолг период „лекувал“ пациенти со рак на кожата и други дерматолошки проблеми со лек кој самиот го подготвувал.

Тој лекувал во амбулантата „Натура Медика“ во селото Џепшиште кај Тетово, и тоа секоја недела од 09 до 15 часот. За еден третман, пациентите плаќале по 500 денари, а им било препорачувано да се третираат два пати на ден, објави Алсат-М.

„Инспекторатот утврди дека лицето со иницијали Н.П. користи препарати за лекување на пациенти кои се со стаклена амбалажа и без декларација. За работата што ја работи, нема работна дозвола. Во однос на препаратите кои ги користи за време на третманот на рак на кожа и на некои други видови на рак, а за кои поседува одредена документација, лицето е испратено до Агенцијата за лекови за верификација. Во однос на констатираната фактичка состојба, Инспекторатот издаде забрана за вршење на утврдената активност на Н.П., како и забрана за работење во амбулантата Натура Медика во Џепчиште“, рекоа од здравствениот инспекторат.

error: