Македонија

ДОБРА ВЕСТ: „Aџибадем Систина“ бесплатно ќе ја оперираат Биле

По денешниот апел за помош и собирање на парични средства за операција на десетгодишната Билјана Пешевска од кратовското село Трновац, стигна добра вест која сигурно ќе го израдува семејството Пешевски, но и сите оние кои денеска покренаа хуманитарна акција за помош на Биле.

Откако таткото Даниел преку порталот „Аберџија“ побара финансиска помош во висина од 60.000 денари, колку што чини операцијата за отстранување на катетер од градниот кош на Биле, попладнево се огласија од приватната болница „Аџибадем Систина“. Имено, менаџментот на „Систина“ донел одлука специјалистот за тораковаскуларна хирургија, д-р Митко Караѓаозов, бесплатно да ја изврши потребната интервенција и да излезе во пресрет на сиромашното семејство од Трновац, кое преживува со социјална помош од 2.500 денари.

Во меѓувреме, хуманите граѓани можат и понатаму да донираат средства преку банкарската сметка на Даниел Пешевски, за да може и понатаму да купуваат скапи лекарства за детето кое боледува од тумор на малиот мозок.

Сите што сакаат финансиски да помогнат на Биле Пешевска, тоа можат да го сторат на денарската и девизната сметка на Даниел Пешевски во Централно-кооперативна банка.

Даниел Пешевски
Централно-кооперативна банка
Денарска сметка 320-5000266219-22

Девизна сметка ЕУР
IBAN MK07 3205 4002 6635 209
SWIFT CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

Девизна сметка УСД
IBAN MK07 3205 1002 6635 162
SWIFT CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

error: