Македонија

Детска клиника одбива да извади катетер на дете од Кратово вграден во приватна болница

Десетгодишната Билјана Пешевска од кратовското село Трновац и нејзините родители собираат 60 000 денари за да и се извади катетер од градниот кош кој бил ставен во приватна болница, објавува регионалниот кратовски портал, Аберџија. Катетерот бил ставен по операција и борба со тумор на малиот мозок дијагностициран кај малата Билјана.

Родителите на Билјана раскажуваат дека ваков катетер никој не се нафатил да и стави на Билјана во Клиниките во Скопје и затоа биле приморани да одат во приватна болница иако тоа за нив е огромен трошок со оглед дека жиеват со 2500 денари социјална помош. Откако состојбата се подобрила катетерот треба да се вади но од државна болница родиелите го добиле следиов одговор.

-Кога дојде време да се извади катетерот, од детска клиника ни велат да одиме да го вадиме таму кај што сме го вградиле, како да ние сами сакавме да биде тоа во приватна болница. Проблем е што немаме 60.000 денари за потребните снимки и демонтажа на катетерот, колку што ни побараа од приватната болница – вели таткото
Даниел.

Сите што сакаат финансиски да помогнат на Биле Пешевска, тоа можат да го сторат на денарската и девизната сметка на Даниел Пешевски во Централно-кооперативна банка.

Даниел Пешевски
Централно-кооперативна банка
Денарска сметка 320-5000266219-22

Девизна сметка ЕУР
IBAN MK07 3205 4002 6635 209
SWIFT CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

Девизна сметка УСД
IBAN MK07 3205 1002 6635 162
SWIFT CECBMK22
CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

error: