Македонија

26-ти МАРТ – “ВИОЛЕТОВ ДЕН”

26-ти Март, таканаречен ВИОЛЕТОВ ДЕН (Purple Day), е светски ден за поддршка на луѓето со епилепсија, кој се одбележува преку повеќе активности, на сите континенти, со носење на виолетовата боја (боја на лаванда). Таа е меѓународна боја на епилепсијата, која се поврзува со чувството на осаменост, како резултат на општествена стигматизација и маргинализација на лицата со епилепсија.

Прв пат овој ден се одбележува 2008 година, по иницијатива на тогаш 9-годишната Cassidy Megan, нејзините родители и Здружението за епилепсија од Нова Шкотска во Канада. Поради чувството на осаменост и неразбирање од околината, Cassidy сакала да зборува за својата состојба и да докаже дека таа е исто што и нејзините врсници, нормално дека сака да игра, да се забавува, да чита, да учи… “Сакам луѓето да знаат дека ако имаш епилепсија, не си сам.”

Сите активности и настани поврзани со овој ден се достапни на официјалната страница “Purple Day

Во Македонија за прв пат овој ден се одбележува во 2014 година, како резултат на акција на Здружението на граѓани на лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија во Република Македонија -ЕПИЛЕПСИЈА МАКЕДОНИЈА. Во 2014 година, беше организиран настан пред Спомен куќата на мајка Тереза во Скопје, а него му претходеше “Виолетов Марш”, каде децата во виолетово, во знак на поддршка се упатија од детската клиника до Спомен куќата на мајка Тереза. Во 2015 година се прошири и се одбележа во Прилеп и во Скопје. А во 2016 година исто така беше одбележан во Прилеп и Скопје, со поддршка на Лигата против епилепсија во Македонија. Во 2017 година беше одбележан на 3 локации во Македонија, Скопје, Прилеп и Битола.

И оваа година, на 26-ти Март ќе се одбележи денот. Ве покануваме да се придружите и активно да учествувате, облечени во виолетово, дома, на работа, во училиште, со што ќе им дадете поддршка на лицата со епилепсија.

error: