Македонија

2 годишно дете почина од грип на детската клиника во Скопје

Вчера на Клиниката за детски болести починало две и пол годишно дете кое било лекувано од грип и пневмонија. Од клиниката велат дека детето било со тешки невролошки нарушувања и Даунов синдром. Пациентот бил хоспитализиран уште во јануари со тешка состојба на бронхопневмонија.

Последниов период грипот зема голем замав. Најголем број од заболени се на 14-годишна возраст, но има регистрирано и многу заболени деца од предшколска возраст и возрасни. Овие инфекции најмногу се шират во затворени простории, затоа често проветрувајте и болните се препорачува да останат дома.

Покрај грипот, зголемен е бројот на и горно и долно респираторни инфекции. Само минатата недела имало околу 30 000 заболени.

 

error: