Вести

И велеле дека “мистериозната болест е во нејзината глава”, а тогаш снимките откриле застрашувачка вистина

Џорџија Мек Ленон (24) за својата исклучително лоша здравствена состојба дознала преку ПЕТ скен-от. Таа имала тумор на црниот дроб, слезината и белите дробови. Сите и велеле дека болката и се причинува, но по извршени детални анализи Џорџија дознала дека боледува од рак.

Наизглед темпераментната девојка, со своите позитивни ставови вешто ја прикривала болеста која ја убивала одвнатре. По откритието дека боледува од рак, докторите верувале дека нема да преживее ни една недела. Но, веднаш по завршувањето  со хемотерапија и инекции (во половина) против рак, Џорџија се опоравила.

Сега, кога се наоѓа во ремисија, таа зборува за застрашувачките болки кои ги преживеала во текот на лекувањето. Во еден миг била толку многу надуена што изгледала како да е бремена. Таа минала 3 месеци одејќи по доктори откако почнала да чувствува силни болки и бодежи во стомакот и во долниот дел од грбот.

Очајно барајќи одговори, одејќи од еден до друг доктор, на крај еден од нив да ја прашал дали можеби таа само си ја замислува болката.

Друг доктор и препишал лекови за болки во желудникот, но болките не престанувале, а Џорџија упорно барала одговор за нејзината состојба. Така направила ПЕТ скен и дознала дека е преплавена со канцер.

На оваа девојка и дијагностицирале Буртиков лимфом, брзорастечки облик на Ходгкинов Лимфом. Докторите и кажале дека има тумори на слезината, црниот дроб и белите дробови. Џорџија била во шок кога го чула сето тоа, но плачела само кога морала непријатната вест да им ја соопшти на родителите.

По 3 месеци од ужасната борба со ракот, таа отворила профил на Истаграм за да покаже како се бори со ракот. Вели дека е благодарна што има толку прекрасно семејство и  пријатели, дека е многу среќна што оди на терапија иако се чувствува болно.

Џорџија ја објавила својата приказна, како би можела да ја подигне свеста  за болницата  “Gold Coast Hospital Foundation`s Care” и да се обиде да собере средства за услугите за транспорт на пациенти и нови столици за хемотерапија.

error: