Uncategorized

Лекарите предупредуваат: Од цигарите можете да оглувите !

Пушењето цигари може да го  намали слухот за 40-60 проценти.

Научниците откриле дека возрасните лица имат 60 проценти поголеми шанси да заболат од постепено губење на слухот. Ризикот од губење и оштетување на слухот се намалува кога овие лица ќе се откажат од цигари.

Јапонските научници ги анализирале резултатите од здравствените прегледи на 50.000 волонтери, а покрај општите резултати ги анализирале и тестовите за слух, како и прашалниците за начинот на живот.

Нивната студија покажала дека поголем ризик за губиток на слухот имат лицата кои пушат цигари наспроти непушачите. Утврдено е дека пушењето ја намалува можноста лицето да слуша јасно и тоа за 20-60 проценти.

Пушењето влијае на способноста да се чујат ниските и високите фреквенции на звукот и има поголемо влијание отколку кај губењето на слухот.

Со популаризација на електронските цигари, голем број од пушачите, верувајќи дека тие во себе содржат никотин, наместо обичните ги пушат електронските цигари. Иако поголемиот број од луѓето ги сметаат за побезбедни од обичните цигари, студиите покажуваат дека нивната долготрајна употреба може да доведе до зголемена опасност од срцеви заболувања и рак.

error: