Овој документ служи како детално објаснување и информирање за тоа како се користат личните податоци или информации кои ги собираме кога вие ги посетувате сервисите на www.zivejzdravo.mk како и некои од процедурите кои ги преземаме за да ги заштитиме тие податоци.

Примарната цел заради која собираме лични информации е за да овозможиме подобри услуги и содржини. Информациите кои ги собираме ни овозможуваат детално да ги анализираме движењата на нашите посетители, да вршиме внатрешно следење на порталот и статистички да пристапиме кон решавање на проблемите и подобрување на нашите услуги.

Податоци, собирање и употреба

Ние никогаш не ги продаваме, изнајмуваме или ги споделуваме информациите собрани на оваа веб-страница на трети страни доколку, тоа не е потребно за извршување на некоја услуга која Вие ќе ја побарате.
Ние не собираме лични податоци за Вас, освен доколку не се одлучите да ни пратите е-пошта, при што доброволно ги давате вашите лични податоци (име, презиме, контакт-информации). Природата на интернетот е таква што пасивно и автоматски собира податоци за навиките на корисниците на интернет, кои се идентификуваат преку нивните IP (интернет-протокол) адреси. Овие IP адреси се различни за секој корисник на интернет и се доделуваат од страна на интернет-провајдерите.

Споделување

Ние не користиме надворешна компанија која ги обработува Вашите лични податоци.

Откривање на податоците

Ние го задржуваме правото на откривање на Вашите лични податоци во случаи кога тоа се бара по закон или е потребно во водењето на некоја судска постапка, за заштита на нашите бизнис-интереси и интересите на нашите корисници.

Колачиња, односно cookies

При вашата посета на www.zivejzdravo.mk, мал фајл со дата е складиран во вашиот компјутер наречен “колаче” (англиски: cookie), кој овозможува пристап до некои од услугите и им помага на нашите веб администратори да ја контролираат и анализираат посетеноста и активноста на овој сајт и да објавуваат подобри содржини. Во некои случаи користиме и надворешен софтвер за следење на активноста на порталот кој дополнително може да остави вакви фајлови на вашиот компјутер. Може да изберете вашите интернет прелистувачи да го оневозможуват користењето на “колачиња” (ан: cookies), но со тоа некои делови од нашите услуги може да бидат недостапни за вас.
Нашите партнери и огласувачи може да користат свои ‘cookies’ кои ние не ги контролираме и се оградуваме од можните злоупотреби на личните податоци собрани преку ‘cookies’ на други веб- страници.

Серверски логови

Нашиот веб-сајт користи серверски логови со IP адреси за да го подобри квалитетот на веб-страницата и собира широки демографски информации во агрегатна форма. IP адресата сама по себе не е доволна за да се идентификува некое лице, но може да послужи за тоа во комбинација со други податоци како евиденција од интернет-провајдери при истраги за кривични дела.

Пораки по е-пошта и коментари 

На сите Ваши пораки преку е-пошта ние ќе Ви одговориме на истата имејл-адреса од која сме го добиле барањето. Нема да ја користиме таа имејл-адреса за ниту една друга цел и нема да ја споделиме со ниту една трета страна за цели надвор од примарната – одговор на Вашето барање. Ние може да ги чуваме Вашите имејл- пораки кои се испратени со цел да послужат како доказ при евентуален спор. Кога испраќате пораки или коментари, бидете претпазливи во врска со личните податоци што ги внесувате, како што се Вашето име и презиме, адреса, град и држава на живеење, бидејќи доколку се објават заедно со Вашето сведочење, некоја трета страна може да ги искористи и да контактира со Вас.

Новости по е-пошта 

Ако се регистрирате за добивање новости, Вашата електронска адреса ќе се користи исклучиво за да се испратат новостите до Вас лично. Можноста за добивање новости е со двојна „опт-ин” (Opt-in) опција. Вие можете во секое време да се „отпишете – (Opt-out), при што во ваков случај Вашата електронска адреса ќе биде трајно отстранета од нашата база на податоци. Ако не сакате повеќе да добивате новости, едноставно следете ги чекорите за одјавување што се наведени на крајот од секоја новост.

 

Екстерни бројачи на посети

Заради зголемена транспарентност и споредбени анализи, нашиот веб-сајт користи екстерен бројач на посети: Гугл аналитикс (Google analytics), обезбеден од компанија лоцирана во САД, која е под јурисдикција на тамошните закони. Комуникација со екстерните бројачи се остварува со вметнување код обезбеден од нивна страна во поединечни страници на оваа веб-страница. При вчитување таква страница, кодот се активира, со што на екстерниот бројач му обезбедува пристап до податоците за посетител. Резултатите од бројачот Гугл аналитикс не се јавно достапни и се користат само за статистички анализи. Политиката за приватност на Гугл е достапна на веб-адресата www.google.com/privacy.html

 

 

 

error: