Нега и УбавинаСвет

АКНИТЕ СТАНУВААТ МИНАТО: Научниците открија вакцина против акни

вакцина против акни

Вакцина која ги отстранува акните и спречува создавање на нови наскоро би можела да биде реалност, бидејќи научниците откриле начин како да ја блокираат бактеријата која ја оштетува кожата.

Според истражувањето објавено во Journal of Investigative Dermatology, бактеријата propionibacterium acnes живее на кожата на многу луѓе, и често знае да предизвика воспаление и акни. За да успее во тоа, таа ослободува токсини кои можат да биде спречени со помош на оваа вакцина. Третманот е вид на имунотерапија која го користи имунолошкиот систем на телото за да се бори со бактеријата.

Досегашните третмани често се недоволни и можат да предизвикаат разни несакани дејства, од сушење на кожата и иритација, до депресија. За разлика од нив, вакцината против акни може да ги заобиколи несаканите дејства од таквите третмани.

Експертите од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего велат дека тестовите се вршеле на глувци и на човечка кожа.

„Моменталните третмани против акни немаат толку голем ефект. Навистина е потребна нова и ефикасна терапија. Кога вакцината ќе се тестира на поголем број испитаници и ќе се утврди нејзината моќ, ефектите од ова истражување ќе им го променат животот на стотици милиони луѓе низ светот кои патат од акни“ – вели авторот на истражувањето, Chun-Ming Huang.

 

Би можело да ве интересира и: Сеуште се борите со акните? Главните виновници за нивната појава ги консумирате секојдневно, а не сте ни свесни за тоа

 

Н.Н.

error: