Нега и Убавина

Шампон од сода бикарбона: магична состојка за брз раст на косата

шампон за растење на коса

Сода бикарбона е најкористениот производ во светот. Луѓето ја користат во исхраната, игра голема улога во козметичката индустрија, а исто така, го подобрува и квалитетот на косата: ја прави здрава, чиста и сјајна.

За таа цел, ќе ви презентираме еден неверојатен третман кој ќе ви помогне да ги замените штетните хемиски третмани за коса и да го забрзате нејзиниот раст. Резултатите ќе ве воодушеват!

Рецепт за шампон за растење на коса:

Подгответе мешавина од 3 дела вода и 1 дел сода бикарбона. Ова треба да се аплицира на сува или мокра коса. Добро измасирајте.

Оставете да делува 3 минути, а потоа исплакнете со многу вода. Водата треба да биде топла.

Потоа, подгответе мешавина од 4 дела вода и 1 дел јаболков оцет. Доколку не го сакате мирисот од јаболков оцет, можете да додадете малку нане, рузмарин или масло од лаванда. Измијте ја косата користејќи ја оваа мешавина.

Можеби мислите дека е невозможно да ја измиете косата без пена, но штом ќе ги видите резултатите, ќе бидете воодушевени и вашето мислење ќе се промени.

 

 

error: