Нега и Убавина

Природна маска за лице која ќе ве освежи и ќе ви даде сјај

Негата на кожата во никој момент не смее да биде занемарена. Освен редовна употреба на хидратантен крем, препорачливо е барем еднаш во неделата да нанесете и маска за лице. Природните маски за лице се без хемикалии и се совршени за нега на кожата преку целата година. Со оваа природна маска ќе ја разбудите вашата кожа на лицето. Таа ќе стане посјајна и посвежа.

Потребни состојки:

  • неколку лажици мед
  • 1 лажичка лимонов сок

Подготовка:

Потребно е да растопите неколку лажички мед на пареа, потоа измешајте ги со лажичка лимонов сок. Маската оладена се нанесува на лицето и се држи 10 до 15 минути. Потоа лицето се измива со ладна вода. На крај се нанесува хидратантна крема за лице.

error: