Нега и Убавина

5 природни начини за отстранување на темните кругови околу очите

лек за подочници

Темните кругови околу очите, особено подочниците, сигурно ви делуваат на самодовербата и понекогаш се чувствувате засрамени. Тој драматичен изглед се должи на тоа што кожата во тој дел под очите содржи повеќе крв и нејзиното акумулирање предизвикува отоци, кои најчесто се комбинирани со ефектот на темните кругови. Нивната појава се должи на повеќе фактори, како возраста, генетиската предиспозиција, околните фактори итн.

Други причини за појавата на подочниците се:

  • алкохол,
  • стареење,
  • алергии,
  • прекумерна употреба на сол,
  • хормонски промени,
  • недостаток на сон,
  • болест,
  • стрес

За жал, лошата вест е што не постои лек за нивно трајно отстранување. А добрата вест е што можете да применувате некои домашни ‘лекови’ за да се намалат отоците и да се постигне ефект на избелување.

Бадемово масло

Бадемовото масло содржи нијацин, фитостероли, витамин Е, кои може да имаат благ ефект на осветлување на кожата. Фитостеролите го стимулираат создавањето на колаген, кој во комбинација со витамин Е, може да делува на намалување на подочниците.

Навечер пред да легнете, втријте нежно малку бадемово масло на темните делови околу очите, а наутро измијте го лицето со ладна вода. Повторувајте ја постапката секоја вечер.

Краставица

Краставицата содржи аскорбинска и кофеинска киселина, кои помагаат во намалување на задршката на течности. Покрај тоа, краставицата има и избелувачки ефект на кожата, па може да помогне во намалување на подочниците.

Излупете ја краставицата и исечете ја тенки кругови. Оставете ја да одмори околу 30 минути, а потоа ставете ги на темните кругови околу очите и оставете ги околу 15 минути да делуваат. Измијте го лицето со ладна вода. Можете да ја повторувате постапката по два пати на ден.

Железо

Дефицит на железо може да биде една од причините за појава на подочници, затоа што железото е одговорно за транспортирање на кислородот низ организмот, па во случај на дефицит се појавува и проблем со критични нивоа на кислород.

Затоа, треба да консумирате храна која содржи повеќе железо, како што е зелен листест зеленчук, суво овошје – кајсии, сливи и суво грозје, јајца, збогатени житарици, џигер, месо, риба, тофу, семиња и јаткасти плодови, соја, цели житарици.

Компир

Компирот е богат со антиоксиданси, витамин Ц, ензими, скроб, кои помагаат во лекување на ултра тенката кожа околу очите. Компирот со часови останува ладен, па е погоден за намалување на воспалението и отоците од крвните садови.

Измиен, излупен компир, исечете го на тенки кругови, кои ќе ги ставите околу очите 15-20 минути. Потоа измијте го лицето со ладна вода. Можете да ја повторувате постапката по два пати на ден.

Вода

Водата помага за елиминирање на токсините од организмот, богата е со минерали и ја подобрува циркулацијата, и трето, пиењето на вода ја хидрира кожата повеќе од било кој друг извор и начин.

Вода со витамин Ц (моќен антиоксиданс) е добар начин да се третираат темните кругови.

 

Дознајте како:  Решете го проблемот со испукани стапала во домашни услови

 

М.Д.

error: