Нега и Убавина

Овие 4 грешки кои редовно ги правите го забрзуваат стареењето

Звучи неверојатно, но постојат одредени навики кои, доколку често се повторуваат, можат да влијаат на појавата на брчки, лош и нездрав изглед на кожата.

Еве што би требало веднаш да престанете да правите:

Спиење на лице

Луѓето кои спијат на стомак, а во текот на ноќта ја менуваат страната на лицето, можат да го забрзаат стареењето на кожата. Според дерматолозите, кожата на лицето старее побрзо затоа што го губи колагенот.

Избегнување миење на лице пред заспивање

Голем број на жени забораваат да ја отстранат шминката пред да заспијат, а уште полоша навика е избегнувањето миење на лице пред спиење. Овие лоши навики го забрзуваат процесот на стареење на кожата. Миењето на лицето има мошне важна улога за одржување на кожата здрава и чиста бидејќи со водата се отстрануваат нечистотиите и потта, па со самото тоа што го миете лицето, дозволувате кожата во текот на ноќта да се регенерира.

Користење премногу производи за нега на кожата

Колку и да е важно да поседувате квалитетна козметика, примената на голем број на средства за нега на лице би можела да и наштети на вашата кожа. Претераното користење на овие производи може да доведе до оштетување и сушење на кожата, така што би можеле да го симнете и заштитниот слој на кожа кој ја чисти од инфекции.

Не внесувате доволно количество вода

Дехидратацијата која настанува како резултат на недоволен внес на течности во организмот, доведува до сушење на кожата и појава на првите линии и брчки околу очите. Воедно, таа може да влијае и на губењето на еластичноста на кожата, која е тешко да се врати во својата првобитна состојба.

 

А.Т.

error: