Нега и Убавина

Маска за лице од ленено семе и вода

маска за лице ленено семе

Оваа едноставна мешавина помага за бројни проблеми со кожата. Доколку имате проблеми со брчки, со оваа мешавина за 12 дена ќе ги отстраните ефикасно. Тајната е во лененото семе, кое придонесува за подобрување на поткожното ткиво благодарение на своето лековите својство. Тоа ги подмладува масните клетки, и го враќа младиот изглед околу образите и очите, каде кожата е најтенка и најподложна на брчки.

Ставете лажица ленено семе во чинија и прелијте го со третина шолја зовриена вода, мешајте неколку минути и потоа прекријте го со салфетка и оставете го да отстои до вечер. Исцедете ја мешавината таа вечер. Користете ја геластата водена маса во која стоело лененото семе.

Подготовка на маска за лице од ленено семе:

  • Една лажица ленено семе ставете во сад, и прелијте го со 100 милилитри зовирена вода.
  • Мешајте неколку минути.
  • Прекријте го со салфетка, и оставете го да отстои барем 10 часа.
  • Исцедете ја мешавината. Треба да добиете густина како гел.

Овој гел нанесете го на чисто лице. Не грижете се за пределот околу очите, слободно можете и таму да нанесете. Кога оваа маска ќе се исуши, повторно намачкајте. Повторете го ова пет пати, и така 12 дена по ред.

Ефектите од маската од ленено семе:

  1. Ги подигнува цртите на лицето, тонира и ја затегнува кожата
  2. Ги намалува широките пори
  3. Ја хидрира кожата
  4. Го намалува вишокот на себум на масната кожа
  5. Помага во спречувањето на формирање на акни и отстранување на мозолчиња од лицето
  6. Го забавува создавањето на брчки и го елиминира создавањето на тенки линии на лицето бидејќи има својства кои интензивно го забавуваат стареењето.

Би можело да ве интересира и: ПРОВЕРЕН РЕЦЕПТ: Маски за лице со аспирин

error: