Нега и Убавина

Користете ја жолчката од јајце за убава коса

Жолчката од јајцето е богата со нутриенти и протеини, како биотин, фолат, витамин А и витамин Д. Интересно е што составот на жолчката е многу сличен на составот на влакното, па од таа причина жолчката од јајцето може да се користи против опаѓање на коса, кршлива коса, или за побрзо растење на косата.

Жолчката од јајцето ја прави Вашата коса отпорна на оштетување и помага за побрзо растење

Жолчката е богата со витамини кои го прават влакното отпорно на оштетување. Покрај витамините А и Е, биотин, фолати, кои се поврзуваат со растење на косата и здрава коса, во составот на влакното има и мала, но значителна количина на железо, кое пак, се поврзува со продуцирање на нови клетки.

Ставањето на жолчка на скалпот го храни коренот на влакното со витамини, што значи дека косата ќе расте поцврста и ќе биде поотпорна на кршење и опаѓање.

Како да ја користите жолчката

Маска за коса

Можете да направите маска за коса од жолчка и маслиново масло, или пак од цело јајце. Измешајте го јајцето, или жолчката и маслиновото масло, и нанесете го убаво втривајќи со прстите по целата должина и коренот на косата. Оставете ја маската да делува најмалку еден час, а потоа измијте ја косата со поладна вода.

Користете јајца во исхраната

И ако не сте љубител на јајца, обидете се да ги вметнете во исхраната, на пример, за појадок. Кога добро го храните своето тело, тоа ќе се рефлектира и на изгледот на Вашата коса.

Потенцијален ризик

Ако сте алергични на јајце, не користете го дури ни локално, надворешно, за да го избегнете ризикот од појава на алергија. Исто така, жолчката од јајцето има висока содржина на холестерол, па не треба да се претерува со консумирање. Ако патите од висок притисок, покачен холестерол во крвта, или патите од срцево заболување, бидете внимателни со количината на внесување на јајца. Едно јајце на ден сигурно не е проблем, но, повеќе јајца, се веќе ризик.

 

За да ги видите резлутатите од локалниот третман со жолчката од јајце, потребни се неколку седмици. Не се откажувајте веднаш. Макар и да нема некој видлив резултат и после тоа, нема никаква штета да се обидете.

 

Прочитајте за уште еден рецепт: Шампон од сода бикарбона: магична состојка за брз раст на косата

 

 

М.Д.

error: