Нега и Убавина

Кога се започнува со борбата против брчките?

Сигурно сте за запрашале кога е правото време да почнете со препарати против стареење? Магазинот „Космополитен“ одговара на најчестите три прашања:

Дали ми треба ли крема за околу очи?

Никогаш не е прерано да се почне да се користи крема за околу очи.

Подобро е да се спречи отколку да се лечи. Кремата за очи е најважна во чекорите за нега на кожата на лицето.

Кога треба да почнам да користам креми против стареење?

И на ова прашање одговорот е: никогаш не е прерано.

Тоа не значи дека треба да посегнете по некои многу скапи креми, но секоја марка си има anti-age линија за нега на кожата на младите.

Бирајте ја кремата според возраста за која е наменета и е наведена на пакувањето.

Најдобро средство против стареење, без оглед на годините, е кремата за сончање. Затоа крема со заштитен фактор е задолжителна, особено во летниот период.

Дали ми треба заштита од сонце ако не сум директно на сонце?

Заштитен фактор би требало да имате во сите ваши производи, без оглед на годишното доба и без оглед на тоа дали сте на сонце или под сенка.

Не чекајте да се појават првите брчки на лицето. Негувајте го соодветно.

 

 

Н.Н.

error: