Нега и Убавина

Како до полни усни без операција?

Мажите во целиот свет обожаваат жени со полни усни, додека девојките сонуваат за зголемување на усните природно, без хируршка интервенција или импланти.

Не е невообичаено за жените да станат депресивни поради големината и обликот на усните и најчесто решение се бара кај хирург.

Сепак, операцијата нема да биде ваш избор ако сте откриле голем број на други природни трикови кои ќе ви помогнат да ги направите вашите усни да изгледаат пополни и посензуални. Ова е посебно важно ако земеме во предвид дека операцијата често може да даде и несакани резултати и да ве доведе до несакан изглед и празна сметка во банка.

Некои жени и млади и стари, кои одговорот го побараа во филерите и на тој начин ја сменија големината и обликот на усните, зажалиле поради нивната брзоплетост.

Често телото реагира лошо на филерите ,но не е ни редок случај самите жени да не се задоволни со конечниот резултат.

Не дозволувајте си да влезете во оваа неславна статистика.

Ако сакате да бидете задоволни со својот изглед и да научите да го цените, искористите и усовршите тоа што веќе го имате, без вештачки измени и операции, подолу во текстот ќе ви ги откриеме триковите кои вашите усни ќе ги направат преубави без операција и тоа за многу пониска цена.

Користете заштита од сонце

Ова не е брза корекција, туку долготрајна инвестиција. Сонцето предизвикува брчки.

Затоа секогаш на нив ставајте заштитен крем за сонце. Секако не ја заборавајте ни кожата окулу усните и ќе го успорите и брчкањето на кожата во тој реон.

Без разлика дали имате 20 или 60 години, ова мора да го правите.

Хидрирајте ги вашите усни

Ако имате суви усни тие веројатно изгледаат тенко, а не многу пожелно како што сонувате.

Хидрирањето на усните надворешно и внатрешно ќе ви помогне да го постигнете тој изглед.

Пијте вода! Тоа ви е најлесен начин да го хидрирате целото тело.

Иако науката нема сигурен одговор дали ова и помага и на кожата при хидрирање, сосема е сигурно дека не може да и наштети.

Ако не сте љубител на обична вода, излупете некоја овошка во бокал со вода и ставете ја во фрижидер.

Сокот од овошката ќе и даде вкус на водата а сите природни состојки ќе останат во неа. Соковите од супермаркетите не се замена за вода.

Молив за усни

Моливот за усни често заборавате да го уфрлите во вашиот несесер.

Повеќето жени, ќе стават кармин и ќе излетаат низ врата несваќајќи го потенцијалот кој се крие во моливот за усни.

Ако купите молив кој е иста боја со вашиот кармин и внимателно го исцртате обликот на вашите усни автоматски ќе створите илузија за поголеми усни.

Убавата работа во врска со моливот за усни е тоа што останува на усните долго време и може да се користи со кармин, сјај за усни или без било што друго.

Секогаш чувајте ги вашите усни сјајни

Усните кои блескаат може драстично да го сменат вашиот изглед.

Обавезно ставете малку сјај преку карминот и моливот пред да излезете од дома.

Нанесете тенок слој на сјај на рабовите на усните и тоа ќе им даде далеку пополн изглед.

 

 

Н.Н.

error: