Нега и Убавина

Како да ја одржите косата здрава во текот на пролетта?

Пролетта, сезоната кога косата најбрзо расте, е на прагот. Спремете се соодветно за првите зраци на сонцето.

Британското здружение на дерматолози велат дека деновите што доаѓат се најголем притисок за косата. За да имате подолга, посјајна, и побујна коса, почнете да внесувате повеќе протеини, а не ги заборавајте и цинкот и железото.

Постои една намирница која е совршен избор за тоа – спанаќ

Верувањето дека спанаќот не треба да се загрева нема медицинска основа, бидејќи билката во текот на растот апсорбира значајни количини на нитрат од земјата. Тие не се причина за грижа, но во одредени услови микроорганизмите го претвораат нитратот во нитрит. Ако дојде до реакција на нитрит и протеин, настануваат штетни нитрозамини кои можат да предизвикаат рак.

„Сезоната е предобгата со свежи намирници. Нека спанаќот биде ваш секојдневен избор. Можете да го конзумирате на повеќе начини, суров, во салати, во шејкови, како главна состојка во ручекот. Слободно можете да конзумирате и други зелени намирници за да ја поминете пролетта, и вашата коса да стане ваша гордост“ – вели дерматологот Џенивер Чвалек

 

Н.Н.

error: