Нега и Убавина

Исчистете го лицето со маските од глина

woman in spa

Она на што сме навикнати кога станува збор за производи за лична хигиена се производи со пријатен мирис, креми со хомоген состав.

Така да честопати тешко за многумина е да го заменат со сад полн со “кал”. Такво е практично чуството кога од сапун, купки и креми почнувате со користење глина за рацете, лицето и телото.

Постојат голем број на позитивни ефекти од користењето на глина за чистење на лицето, особено ако сте еден од оние луѓе кои имаат чувствителна кожа, или еден од оние кои од било каква причина се нетолерантни на супстанции кои се користат во современата козметика.

Глината со вековите се додава во рецепти за убавина и тоа не е никаква тајна да прави чуда за вашата кожа.

Многу веројатно се прашувате кој е вистинскиот вид на глина за вашата кожа и кои состојки се најдобри да ги користите со глината.

Еве неколку совети за користење на глина, кои исто така треба да ви помогнат да ја пронајдете вашата совршена маска.

Она што е исклучително важно да се знае е дека никогаш не треба да користите метални садови и инструменти, кога ја правите вашата глинена маска.

Користете стакло, пластика или дрвени инструменти за својствата на глината да останат моќни и ефикасни.

Бентонит глина

Лесна за наоѓање, Бентонит глината се прави од вулкански пепел и може да биде многу ефикасна во извлекување на токсини и нечистотиите од кожата.

Рецепт:

Користете иста количина на глина и филтрирана вода, направете паста и нанесете ја на недостатоците, убодите од инсекти или посекотините.

За сува кожа, наместо вода вметнете масло од јојоба во маската.

Може да ја нанесувате оваа комбинација на целото лице и вратот, еднаш или два пати неделно и да ја држите 10 до 15 минути.

Црвена Мароканска глина

Оваа глина е идеална за мрсна кожа и кожа на која често се јавуваат акни.

Мароканската црвена глина доаѓа од Планината Атлас во Мароко. Ако се борите со митесери или затворени пори, тогаш ова е вистинската глина за вас.

Рецепт:

Измешајте две супени лажици црвена Мароканска глина, три супени лажици вода од ружа и една кафена лажичка авокадо, додека не добиете паста.

Користете чисти прсти или четка и нанесете ја маската на делови кои се склони кон појава на акни.

Веднаш штом маската ќе ви го стегне лицето, тоа обично е кога станува сува, исплакнете ја со топла вода.

Бела каолин глина (кинеска глина)

Оваа глина најчесто се препорачува за ублажување на мрсна кожа и може да се најде во почвата на жешка и влажна клима.

Особено, овој вид на глина се наоѓа во многу козметички производи, како што се купки и дезодоранси, поради своето исушувачко дејство.

Рецепт:

Измешајте две лажички каолин глина, една кафена лажичка сок од алое вера, една лажичка филтрирана вода и две до три капки етерично масло од здравец.

Откако ќе ја измешате смесата од овие состојки, додадете вода, ако маската треба да биде потенка.

Нанесете ја на лицето и оставете ја 10 до 15 минути да се исуши. Исплакнете со топла вода, а потоа нанесете хидратантен крем.

Зелена француска глина

Оваа глина може да се користи за нормална до мрсна кожа за детоксикација на кожата и пилинг.

Француската зелена глина е совршен избор за нега на кожата која има потреба од обновување поради алергиски реакции, повреди или изгореници.

Рецепт:

Земете една супена лажица француска зелена глина, две супени лажици суров јаболков оцет и една капка етерично масло од темјан и измешајте ги заедно.

Нанесете ја пастата на вашата кожа и избегне ја областа околу очите и усните. Исплакнете по 10 минути.

Ако почнете да чувствувате чешање поради маската, измијте ја со млака вода. Сепак, треба да чувствувате благо боцкање.

Фулерова земја

Позната по своите избелувачки својства, Фулеровата земја е седиментна глина совршена за третман со пигментација и мазна кожа.

Рецепт:

Во еден сад измешајте две кафени лажички Фулерова земја, една кафена лажичка мед и една супена лажица вода од Ружа.

Нанесувајте ја еднаш до два пати неделно и држете 10 минути.

 

 

К.М.

error: