Нега и Убавина

Домашни маски за лице кои може да ги направите во вашата кујна

домашни маски за лице

Не мора да посетувате редовно козметички салони, особено ако имате редовно проблеми со појава на акни, можете да ги искористите состојките кои обично ги имате дома. Поканете и неколку другарки и уживајте во припремата на маските и разговорите додека пиете кафе.

Маска за чистење и хидратација на кожата: овесна каша

Зошто е ефикасна: овесот содржи сапонини, фитокомпоненти кои играат улога на природен сапун, имаат антиинфламаторни и антиоксидативни својства. Одржување на влажноста на кожата е овозможено со присуството на здрави маснотии во составот на овесот.

Потребни состојки:

  • 1/2 чаша вода
  • 1/3 чаша фино смелен овес
  • 2 лажици јогурт или кисело млеко
  • 2 лажици мед
  • 1 белка од мало или средно големо јајце.

Начин на приготвување:

  • Загрејте ја водата до степен на вриење (но не и да зоврие)
  • Ставете го овесот и оставете го да мирува 2-3 минути
  • Додадете го јогуртот, медот и белката од јајце
  • Сите овие состојки мешајте ги во мал пластичен сад
  • Нанесете од смесата на лицето во тенок слој
  • Оставете ја маската да делува 15-ина минути
  • Измијте го лицето со топла вода
  • Ако Ви остане вишок од маската, можете да ја чувате во фрижидер и да ја употребувате во наредните 3 дена.

Маска за сува и оштетена кожа: Природна маска од авокадо и мед

Зошто е ефикасна: Природниот, непреработуван мед има силни хидрирачки својства, антибактериски и антиоксидативни, и е одличен навлажнувач за сувата кожа. Авокадото не само што е вкусно и здраво за јадење, туку има и антиинфламаторно дејство, поради присуството на здрави масти и хлорофил. Во својот состав има и витамин Е, кој помага во навлажнување и зацврснување на кожата, додека фибринските влакна се одличен врзувачи на сите состојки на маската. Смесата која содржи и маслиново масло и манго е уште подобра комбинација за омекнување на кожата. Мангото содржи висока концентрација на витамин Ц, што овозможува оваа маска да има и избелувачки ефект. Затоа оваа маска е една од најдобрите и најздравите маски за третирање на акни.

Потребни состојки:

По две лажици од:

  • авокадо
  • маслиново масло
  • природен мед
  • 1 манго

Начин на приготвување:

  • Испасирајте го мангото во еден сад
  • додадете го авокадото, медот и маслиновото масло
  • мешајте ја добро смесата
  • нанесете ја маската на лицето
  • оставете ја 15-минути, а потоа исчистете го лицето со мокра крпа

Ако Ви остане вишок од маската, можете да ја чувате во фрижидер и да ја користите и во наредните 2 дена.

За ексфолијација и детоксикација: маска од кафе и какао

Зошто е ефикасна: Кафето е природен ексфолијанс, кој првично го отстранува мртвиот слој на клетките, а дополнително ја осветлува кожата. Какаото ги уништува слободните радикали и е моќен антиоксиданс, прави детоксикација на кожата од загадувачи и други штетни супстанции. Млекото содржи млечна киселина, која служи како природен ексфолијанс. Медот има улога на хидратантна компонента.

Потребни состојки:

  • 1 чаша незасладено млеко (бадемовото млеко е одлична алтернатива)
  • 1/2 чаша како во прав
  • 1/2 чаша фино мелено кафе
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сок од лимон

Начин на приготвување:

  • Во мал сад измешајте ги кафето и какаото
  • додадете го млекото и мешајте ја смесата до целосно соединување и згуснување
  • на крај, додадете го сокот од лимон и медот и повторно добро промешајте
  • нанесете ја маската со рацете, во тенок слок, и оставете ја да делува околу 15-ина минути
  • измијте го лицето со топла вода

Ако Ви остане вишок од маската, можете да ја чувате во фрижидер и да ја искористите во наредните 3 дена.

Ако сакате да бидете креативни и да правите и други маски, можете да ги искористите и следните состојки:

  • алое: делува како антиоксиданс и антиинфламаторен агенс
  • јаболков оцет: алкализира, одржува баланс на pH средината
  • цимет: антибактериски својства
  • масло од кокос: навлажнувач и антибактериски својства
  • мед: за рехидратација и како антибиотик
  • сода бикарбона: има антибактериски и антифунгицидни својства и е добар ексфолијатор
  • куркума: антиинфламаторни и антиоксидантивни својства
  • папаја: антиинфламаторно дејство и успешно го отстранува мртвиот површински слој на клетките на кожата
  • јогурт или кисело млеко: навлажнувач и има антибактериски својства
  • зелен чај во прав: моќен антиоксиданс, има антимикробни и антиинфламаторни својства.

 

Сакате да дознаете повеќе, прочитајте на следниот линк: Сеуште се борите со акните? Главните виновници за нивната појава ги консумирате секојдневно, а не сте ни свесни за тоа

 

 

М.Д.

error: